Корисничко мени

Содржина

Мултимедијален центар Авизо МЦ
Метропола - Скопје на едно место На почеток Новости Превземања Прирачници Веб линкови Најавување

  Метропола
 
Реклами
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
 
     
На почеток
 

Градоначалникот Костовски утре ќе ја посети пластичарската улица Испечати e-mail
3.07.2006.

Градоначалникот на Град Скопје Трифун Костовски утре ќе го посети булеварот Никола Карев.Со посетата на Костовски, како што соопшти Одделението за односи со јавност на Град Скопје, официјално ќе почне реконструкција на тротоарите на овој булевар познат како пластичарска улица.

 
Инспекциските служби на Општина Кисела Вода ги посетија претпријатијата кои користат пешачки повшини Испечати e-mail
3.07.2006.

Испекциските служби на општина Кисела Вода минатата недела посетија 130 дуќани, фирми, кафетерии и претпријатија кои егзистираат на територијата на општината и ги користат јавните пешачки површини и тротоари за комерцијални цели. Според инспекциските служби, за користење на тие површини од дуќаните, фирмите и кафетериите за комерцијална цел, ќе мораат да побараат одобрение од општината кое пак произлегува од Законот за Град Скопје и донесените законски одредби од страна на Советот на општината Кисела Вода.

Повеќе...
 
Општина Кисела Вода го усвои Предлогот за ДУП-УСЈЕ-Мало стопанство Испечати e-mail
3.07.2006.

Советот на општина Кисела Вода на седницата одржана во петокот го усвои Предлогот за донесување Одлука на Деталниот урбанистички план УСЈЕ-Мало стопанство.

Повеќе...
 
Аеродром поставува заштитни П-огради Испечати e-mail
3.07.2006.
Општина Аеродром почна да поставува заштитни П-огради, кои служат за заштита на јавното зеленило од непрописно паркирање. Поставувањето на заштитните огради почна прво на ургентните места, на улицата Владимир Комаров број 1 и 1а кај новото паркче, како и кај мостот Близнаци на местото каде што се спуштаат моторните возила. На овие локации досега се поставени педесетина П-огради, од вкупно 110 заштитни огради со унифицирана зелена боја, а во наредниот период ќе се опфатат и други локации на кои им е неопходна заштита.
 
КОМАК-КОМЕРЦ бесплатно ќе ги вози скопјани до избирачките места Испечати e-mail
3.07.2006.

Радио такси компанијата КОМАК-КОМЕРЦ в среда, на денот на парламентарните избори, од 9 до 12 часот бесплатно ќе ги вози скопјани од нивните домови до гласачките места. Заинтересираните граѓани можат да повикаат бесплатно такси на телефонот 151-93, информираат од Компанијата.

Повеќе...
 
Поставување камен темелник на камбанаријата на црквата Свети Илија во Аеродром Испечати e-mail
28.06.2006.

Архиепископот орхидски и македонски г.г. Стефан денеска ќе го освети камен темелникот на камбанаријата на црквата Свети Илија во општина Аеродром.

Повеќе...
 
Апел партиите да не ги лепат плакатите на несоодветни места Испечати e-mail
26.06.2006.

Град Скопје ги повикува политичките партии да престанат да лепат плакати и предизборен материјал на места кои не се наменети за тоа и најдоцна 30 дена по завршувањето на изборите да ги отстранат своите плакати од урбаната опрема и од  јавните површини.

Поради зачестеното и неконтролирано лепење на плакатите на стебла од дрвја, на заштитните огради на булеварите и на електричните столбови во градот, како и на неодамна бојосаната фонтана Лотос во Градскиот парк, Град Скопје укажува дека не се почитуваат комуналниот ред и одлуката на Советот на Град Скопје со која беа одобрени паноа за бесплатно рекламирање на политичките партии.

Плакатите излепени на недозволени места го нарушуваат изгледот на градот и затоа ги повикуваме политичките партии да ги отстанат за да придонесат за зачувување на комуналниот ред и хигиената во градот, се вели во соопштението на Град Скопје.

 
Први јули празник на општина Бутел Испечати e-mail
26.06.2006.

Советот на општина Бутел на денешната седница го усвои предлогот 1-ви јули да биде официјален празник на Општината. Како што соопштува Службата за информирање на општина Бутел, станува збор за денот кога официјално почна да се применува Законот за територијална организација на локалната самоуправа, според кој и беше формирана новата општина Бутел.

Повеќе...
 
Почна изградба на нов парк во Долно Лисиче Испечати e-mail
26.06.2006.

Општина Аеродром почна со изградба на нов парк во Долно Лисиче на местото на поранешниот парк познат како 88 садници за Тито. Паркот, како што информираат од Општината, веќе е расчистен и земјата е израмнета, а во моментов се работи на нејзино нивелирање до одредена висина. Во текот на неделава ќе почне и изградбата на пешачки патеки, а потоа ќе следи осветлување на паркот, каде што ќе бидат поставени и нови канделабри и клупи, а ќе се направи и мини детско паркче со лулашки. Изградбата на паркот треба да заврши до трети јули годинава.

 
Елена Ристеска ја посети Општина Аеродром Испечати e-mail
30.05.2006.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Кирил Тодоровски ја прими македонската претставничка на овогодишниот евросонг, Елена Ристеска.

На средбата, градоначалникот Тодоровски, како што е наведено во соопштението од неговиот Кабинет, и го честиташе постигнатиот пласман на Ристеска, посакувајќи и натамошни успеси. Покрај тоа, на средбата станало збор и за соработката што Општина Аеродром и ја нуди на младата пејачка, заедно со други музички ѕвезди, преку журки на отворено, да се подигне на повисоко ниво културниот живот во Аеродром.

Инаку, Елена, поради успехот на Евросонг 2006, со песната Нинанајна, со која го освои 12-то место во Атина, досега највисока позиција за Македонија, го доби и епитетот гордост на Аеродром, чија жителка е младата популарна пејачка.

 
<< < 1 2 3 4 5 6 > >>

Резултати 1 - 15 од 90
Флеш Вести
Анкета
Дали сте задоволни од работата на градоначалникот Трифун Костовски?
 
Најава





Ја заборави лозинката?
Не си регистриран корисник на www.metropola.com.mk? Регистрација
Пребарувај веднаш:
само по metropola.com.mk
по целиот MK web
Реклами
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Sponsored Links

 
  Метропола 2006 Сите права се задржани ! Регистрирана марка.